Randox
Велика Британија

Randox го има високото 23-то место во светот во пазарот на ин витро дијагностика (IVD) пазар на кој се присутни повеќе од 1600 компании. Тие се единствените Британски производители на производи за клиничка дијагностика и се рангирани како 6-ти најголеми производители на реагенси за клиничка хeмија во Светот.

Randox го имаат развиено првиот Biochip Array Technology. Ова технолошко решение дава 23 тест резултати симултано од еден биочип, користејќи еден мал примерок од пациент. Биочиповите вклучуваат опсег на тестови за: кардиоваскуларни заболувања, заболувања на тироидеата, церебрални заболувања, заболувања на репродуктивниот систем, цитокинински тестови и адхезивни молекули. Исто така постојат и два опсега на тестови за опојни дроги, како и опсег за утврдување на промотори за раст, синтетички стероиди и анти-микробен опсег. Понатаму треба да се наведат и биочиповите за тумор мониторинг, тумор PSA опсегот и Ranplex CRC опсегот за скрининг на колоректален канцер (рак на дебело црево).

Randox произведува дијагностички китови кои можат да се користат во сите лаборатории за клиничка хемија автоматски клинички анализатори од различни производители. Randox имаат и свои анализатори за клиничка хемија т.н. RX Серија.

Randox произведуваат квалитативни контролни материјали кои покриваат повеќе од 170 параметри. Основните контролни производи се за клиничка хемија, имуноесеи, урина, протеини, липиди, кардиологија, CSF, цитокинетика и мултисера за дроги.

RIQAS, (Randox International Quality Assessment Sxheme) е најголемата глобална EQA шема.

Randox Life Sciences е препознатлив примарен производител на Човечки Рекомбинантни Протеини, поликлонални и моноклонални антитела и конјугати како и голем број на развојни апликации.

www.randox.com
image