BioMerieux
Франција

БиоМерие е мултинационална биотехнолошка компанија основана и со седиште во Франција. Компанијата e специјализирана во полето на ин витро дијагностика за медицинскиот и индустрискиот сектор. Групата дизајнира, развива и произвeдува широк опсег на дијагностички системи за медицина и индустрија.

BioMerieux е светски лидер во полето на ин витро дијагностика повеќе од 40 години, и е присутен во повеќе од 150 земји преку 35 подружници и голема мрежа на дистрибутери. Во 2006 година, приходите достигнаа 1 билион евра со 83% од прадажбата надвор од Франција.

БиоМерие обезбедува дијагностички решенија(реагенси, инструменти, софтвер) кои го одредуваат изворот на контаминација за да се подобри здравјето на пациентите и да осигура безбедност на потрошувачите. Нивните производи се користат за дијагноза на инфекциски болести и обезбедување на висока медицинска вредност, резултати за кардиоваскуларни итни случаи, скрининг и мониторинг за рак. Тие исто така се користат и за детекција на микроорганизми во агро-храна, фармацевтски и козметички производи. БиоМерие е на листата на на Eurolist од Euronext. Останати информации можат да се пронајдат на: www.biomerieux.com.

Алан Мерие е основач на компанијата во 1963 и е сеуште главен акционер на биоМерие. Институтот Мерие повеќе не постои како компанија, нивните активности се во Санофи Авентис.

image