RIQAS - Најголемиот софтвер за надворешена контрола на квалитет на биохемиските лаборатории

Randox-овата меѓународна шема за проценка на квалитетот (RIQAS). RIQAS е најголема меѓународна шема за проценка на квалитетот во светот. Неа ја користат повеќе од 10.000 лаборатории во 86 земји во светот. Моментално во системот се на располагање 15 програми.

Лабораториска акредитација

RIQAS овозможува сертификати за учество во шемата за проценка на квалитетот, за лабораториската акредитација. Рандоџ и RIQAS системите и процедурите се акредитирани со бројни интернационално признаени страндарди:

  • ISO 13485:2003 за дизајн и производство на медицинска опрема.
  • United Кingdom Аccreditation Сervice (UКАС) акредитација за ИСО/ИЕC 43- 1:1997 „Развој и операции на proficiency test шеми“ и ИЛАC-13:2007 „Водач за потребите за компетенција на дистрибутерите на шемите за proficiency test“.
  • Признаен од страна на UК Нational Quality Аssurance Аdvisory Панел (НQААП).
  • Признаен од Заедничката работна група за обезбедување на квалитет (ЈWГ QА).

RIQAS програми:

  • Гасни анализи
  • Кардиологија
  • Биохемија
  • Коагулација
  • Гликолизиран хемоглобин
  • Хематологија
  • Урина
  • Имунологија
  • Липиди
  • Кардијални течности
  • Скрининг на маjката
  • Специфични протеини
  • Лекови
  • Анализи на урина
  • Токсикологија на урината

Партиципација во RIQAS

  • Учесникот треба да ги регистрира методите кои се користат во неговата лабораторија со пополнување и предавање на потребните документи;
  • Учесникот добива сет од нумерирани примероци за определен циклус;
  • Учесникот го анализира примерокот до препорачаниот датум;
  • Учесникот ги внесува резултатите за RIQAS пред крајниот датум со веб е-трансфер или го испраќа формуларот со резултатите по пошта или факс;
  • Учесникот добива известување по е-маил или пошта;
  • Учесникот го разгледува извештајот за да изврши проценка на резултатите;
  • Учесникот добива сертификат за за учество на крајот од секој циклус;

Во RIQAS може да учествува било која лабораторија без оглед на нејзината големина и обем на работа.

Со помош на RIQAS ќе ја потврдите точноста на резултатите добиени во Вашата лабораторија преку споредба со резултатите од лабораториите ширум светот.

Со почит
Стручен тим на Биотек

image