За Компанијата

Биотек и Биотек-Косово се ексклузивни дистрибутери на врвна лабораториска опрема за Македонија и Косово. Ексклузивно застапуваме дел од најдобрите производители на лабораториска опрема во светот. Во последните 10 години се докажавме како сигурен партнер во продажба на високо квалитетна лабораторска опрема и потрошен материјал, пост-продажна подршка и сервис, како и апликативна и техничка подршка.

Со нашето 10-годишно присутво на Македонскиот пазар, станавме едни од лидерите во нашата област. Нашите производи се користат од страна на: доктори, фармацевти, биохемичари, хемичари, биолози, инженери, екологисти, лаборанти, сестри... Секојдневно ја докажуваме довербата на нашите корисници со подобрување на професионалниот пристап прилагоден на нивните потреби.

Понудата на Биотек и Биотек Косово се состои од: опрема, реагенси, потрошни материјали, сервис и резервни делови во секоја од нашите програми.

Нашата визија е да станеме регионален лидер на високо квалитетна лабораториска опрема, реагенси и лабораториски потрошен материјал со проширување на Косовскиот пазар, а многу набрзо и во Албанија.

image